речник контакт

Зошто постојат разлики измеѓу Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар?

Сегашната разлика од 13 дена од 2100 ќе биде 14 дена. Грегоријанскиот календар го имат прифатено о некои православни цркви

Петар Печков

Јулијанскиот календар го вовел Гај  Јулие Цезар во 46 година п.н.е. со цел да го поправи дотогашниот лунарен римски календар, кој бил многу непрактичен. По освојувањето на Египет, тој го повикал неговиот астроном Сосинген од Александрија да направи нов календар. Астрономот користејќи го тогашниот египетски календар, ја вовел соларната година која трае  365,25 дена а проблемот со бројот на денови оти не е цел е решен со воведување на престапна година на секои четири од 366 дена. Денот би се додаваат на крајот од февруари. 

Но и тоа не било совршено оти период на вртењето на Земјата околу сонцето трае 365,242199 дена. Ова  прв го пресметал арапскиот поет и научник Омар Хајам околу 1073-тата година и тој сам направил точен календар. Така јулијанската година има вишок од 11 минути кои се собрани како годините минуваат или тоа е разлика од еден ден на 128 години. Јулијанскиот календар денес го користат  Руската, Грузиската, Српската, Македонската, Црногорската, Украинската, Белоруската, Антиохиската Православна Црква, Ерусалимскиот патријархат и некои манастири на Света Гора.


 Грешката која е создадена со Јулијанскиот календар ја поместувала рамнодневицата а со тоа и терминот за Велигден и останатите верски празници. Католичка црква тоа го констатирала и по неколку неуспешни реформи го исправила. Папата Гргур 13 објавил дека после 5 октомври 1582-тата година доаѓа 14-ти октомври истата 1582 година, со што била исправена вековната грешка. 

Тоа било сторено по препорака на  германскиот астроном Клавиус и неаполскиот физичар Лилиус. Но и овој календар не е совршен па така по 3225 години ќе треба да се додаде еден ден. Научниците велат и порано бидејќи соларната година се намалува. Разликата меѓу Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар изнесува 13 дена а после 2100 година ќе изнесува 14 дена.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »